Пред да започне лекувањето со акупунктура, пациентот се подложува на информативен разговор за здравствените проблеми, а потоа и на специфичен преглед на телото, за да може да се постави точна дијагноза.
Почетниот дел на дијагностичката постапка не се разликува битно од конвенционалниот пристап кај „ западната медицина“. Со анамнестичките податоци се одредува нивото на пореметувањата, кои ги одредуваат внатрешните органи и се одредуваат акупунктурните меридијани, кои минуваат низ болното место. При разговорот со пациентот, се земаат податоци и за здравјето на родителите, на браќата и на сестрите.
Со понатамошните дијагностички постапки се одредува дали проблемот е од надворешна или внатерешна природа, дали постои хипер или хипофункција, дали му е природата ладна или топла, и на крајот дали е проблемот од функционална природа (Јанг) или дошло до патолошки лезии на ткивата и органите (Јин).
При инспекција најважен е прегледот на јазикот: телото на јазикот, неговата големина, боја и форма и наслагите на јазикот, а потоа се прави преглед на бојата на кожата и слузниците. Се испитува и локализацијата на наслагите на јазикот, бидејќи е познато дека секој дел од јазикот одговара на одредено подрачје во телото. На долната страна на јазикот се испитуваатт јазичните вени.
Палпацијата е посебно важна за: одредување на пулсот, за барање на рефлексните точки на предната и задната страна на телото (Mu и Shu точки), кои ако се осетливи говорат за состојбата на внатрешните органи. Исто така се палпираат и акупунктурните канали – меридијани, на кои може да се најдат поткожни чворчиња или различни ефлоресценции. Посебно болно осетливите Ah-Shi точки говорат за патологијата.
Прегледот на пулсот се врши на двете раце при што се разликуваат 12 врсти (3 длабоки и 3 плитки на секоја рака). При тоа се проценува неговата длабина, брзина, снага и квалитет. Потоа се врши преглед на очите, т.н. иридологија, каде зеницата и шареницата го претставуваат секој поединечен орган и ја оддаваат неговата конституција.
Посебно треба да се истакне прегледот на ушната школка која невролошки кореспондира со телото, а што е портврдено со студиите во Франција, со користење на функционална магнетна резонанца.
Болестите се групираат врз база на 8 основни принципи: топло-ладно, површинско-длабинско, недостаток-вишок на енергија, припадност на Јин или Јанг. Покрај тоа разликуваме и внатрешни, неутрални и надворешни фактори, кои можат да ја предизвикаат болеста.
Внатрешните фактори може да ги поистоветиме со емоциите. Добро е познато колку стресот, грижите или тагата можат да влијаат на нашето здравје. Неутралните фактори најчесто претставуваат: неумереност во консумирањето на храната, консумирање на алкохол и дрога.
Надворешнте фактори се многу изразени, бидејќи се однесуваат на влијанието на ветрот, студот, влагата или жештината на нашето тело.