Државната изборна комисија побара од 12 општини да престанат со активностите за подготовка и организација на локални референдуми за мигранти се до изјаснувањето на Уставниот суд.
Ова се однесува на Кочани, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Велес, Битола, Прилеп, , Охрид, Аеродром и Гази Баба каде советите донесоа одлуки за одржување референдуми во ист ден кога и локалните избори, чии одлуки пак, беа стопирани од Инспекторатот за локална самоуправа.
И натаму останува дилемата дали може да се одржат референдуми во Карпош и Ѓорче Петров, кои отпосле донесоа вакви одлуки, како и за Дебрца, која најавува референдум за депонија за цврст отпад.