Во рамките на последната фестивалска вечер од второто издание на „Крај Вардарот Џез“ во 20 часот, во кино Фросина, МКЦ ќе настапат квартетот „Такси Конзилиум“ и Дино Имери, еден од најдобрите надоаѓачки композитори и пијанисти за современа класична музика кај нас, кој ќе настапи соло на пијано.
Овогодишното издание на фестивалот ќе го затворат две есенцијални имиња на ПМГЏЕЗ, но и на еволвирачкиот нов бран, кој со својата свежина и квалитет, сонично ја заплиснува нашата локална, но и регионална сцена.
Такси Конзилиум/Taxi Consilium е составен неколку извонредни млади џез музичари, а предводен од гитаристот и композитор Филип Букршлиев. Квалитетот на на нивната музика и зрелата изведба се на завидно ниво, токму како во вашите фантазии за легендарните џез херои. Нивниот албум “The Essential Sunday Gloom” е прогласен за џез албум на месецот мај 2021, од водечката светска платформа за продажба на музика БнедКемп. Тоа ја заокружува приказната за овие наши талентирани музичари со очигледен глобален потенцијал.
Дино Имери е име кое е многу добро познато по македонските „контемпорари“ и “класичарски“ кулоари, но се почесто гостува и на регионалните, но и европски сцени. Тој веќе компонираше, отсвири и издаде еден албум за ПМГЏЕЗ, а за почетокот на 2022 се очекува и ново издание. Неверојатно талентиран, култивиран и позитивен музичар и човек, кој вреди да се проследи во сите негови инкарнации. Нема да биде изненадувањ ако во следниот период, Дино Имери прерасне во едно од водечките имиња на македонската современа музика воопшто.
Концертот е во МКЦ Фросина. Билетите по цена од 300 денари се во строго ограничен број.
Ги почитуваме сите препораки на владата: маски, хигиена, сертификати, дистанца.
Дами и господо, да го затвориме Крај Вардарот Џез 2 во манир на вистински сладокусци. Овој град и неговата чудесна музикалност ни се на дланка.
Ги почитуваме сите препораки на владата: маски, хигиена, сертификати, дистанца.
Дами и господо, да го затвориме Крај Вардарот Џез 2 во манир на вистински сладокусци. Овој град и неговата чудесна музикалност ни се на дланка.