ДКСК со иницијатива до ОЈО за поведување постапка против Рашковски и Зекири

Сподели

 

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе поднесе иницијатива за поведување постапка за кривично гонење до Основното обивинителство – Скопје против поранешните генерални секретари на Владата, Драги Рашковски и Мухамед Зекири, кои според сознанијата на Антикорупција  за време на извршување на нивната службена должност сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, во врска со склучување авторски договори од страна на Генералниот секретаријат со лица од надвор.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска појасни дека законска основа за оформување на овој предмет била објавата во медиумите дека Владата за потребите на Генералниот секретаријат заради извршување специфични ангажмани врз основа на авторски договори ангажирала поголем број физички лица надвор од редот на вработените, при што биле исплаќани хонорари, кои само за еден месец изнесувале над 37 илјади евра односно над милиони евра за 2019 и 2020 година.

 

 

Според одговорот од Генералниот секретаријат на 31.10.2021 година вработени во редовен работен однос биле 253, преку авторска Агенција во тој момент биле 54, а отстапени работници преку приватна Агенција 18 и ангажирани преку договор за дело осум лица.

 

 

Генералниот сдекретаријат пред склучување на договорот, укажуваат од ДКСК, писмено се обраќал до авторската Агенција, од која барал склучување авторски договор со конкретни лица, чии лични податоци се содржани во барањето, во кое се наведени задачите што лицето ќе ги извршува, месечниот надоместок, периодот на ангажманот… Во периодот од 2017 до 2021 година од Генералниот секретаријат до Агенција за интелектуална сопственост „Артпицк“ испратени се повеќе од 170 барања за изработка и склучување авторски договори со конкретни лица.

Врз основа на расположивите податоци, ДКСК има сознанија дека во периодот од 2017 година до 2021 година врз основа на овие авторски договори од страна на Генерланиот секретаријат биле исплатени најмалку 153 милиони 244 илјади 219 денари.

Во 2017 година биле исплатени 15 милиони денари, во 2018 година 44 милиони денари, во 2019 година 35,500 милиони денари, во 2020 година 33,500 милиони денари и во 2021 година 24 милиони денари.

Од ДКСК укажуваат дека врз основа на документација која им била дадена на увид, доминантна е застапеноста на ангажмани за подолг период за што се вршени поеќекратни исплати, еднаш месечно и по лица, за изршување задачи.