До утрово до 9:30 часот, во Министерството за внатрешни работи е пријавено дека закани пристигнале на електронските адреси на 14 училишта во Скопје.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од МВР.