ДОМ – МОДОМ: Поставување на јавни тоалети за лицата со попреченост низ целата држава

Сподели

 

 

Младинската организација на ДОМ – МОДОМ апелира до општините и локалните власти за потребата од поставување на јавни тоалети за лицата со попреченост низ целата држава. Лицата со попреченост се соочуваат со вистински проблеми во секојдневното функционирање, соодветна инфраструктура и опрема.

МОДОМ алармира дека лицата со попреченост имаат ограничен пристап до институции, училишта и јавни установи. Градење на инклузивно општество подразбира и приспособување на општествената средина според потребите на граѓаните – се наведува во денешното соопштение на ДОМ.