На вчерашната седница, Извршниот одбор донесе одлука зелената партија ДОМ да ги поддржи предлозите: Талат Џафери за претседател на техничката влада и Јован Митрески за претседател на Собранието.
Согласно одлуката на Централниот одбор на ДОМ со која го овласти Извршниот одбор за преговори со СДСМ за заеднички настап на претстојните избори, ИО на ДОМ формираше тим за преговори, предводен од претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, информираат од партијата.