Денеска Германската амбасада донираше 72.000 брзи антигенски тестови за државата. Од започнувањето на пандемијата Германија преку амбасадата неколкупати е директно вклучена со техничка помош во активностите со цел успешно справување со кризата. Министерот Филипче на прес-конференцијата упати благодарност за личниот ангажман на амбасадорката Анке Холштајн, ова е уште еден чекор напред во континуираната соработка во изминатите повеќе години, кажа тој. Во текот на изминатата година до сега, амбасадата донираше значајна количина на ЛЗО, респираторни машини, специјални заштитни маски и друга медицинска опрема и сега оваа количина на брзи антигенски тестови. Германската донација за македонското јавно здравство, финансирана од Министерството за надворешни работи на Германија преку организацијата за помош и за справување и заштита од катастрофи THW е во вредност од 298.000 евра наменети за јавно-здравствените установи и ковид центрите.
Германија од почетокот на пандемијата го подржа здравствениот сектор во Северна Македонија со околу 1.450.000 евра. Исто така Германија е коосновач за платформата за снабдување со вакцини Ковакс и нејзин најголем најголем донатор. Со 2,1 милијарда евра, Ковакс, снабдува 142 земји со вакцини и многу земји добиваат бесплатни вакцини. При тоа секое петто евро доаѓа од Германија, секое трето од Европската Унија. – истакна амбасадорката Холштајн.
Сакам да се заблагодарам на ангажманот на амбасадорката Холштајн за целокупниот овој изминат период, навистина интензивната комуникација којашто ја имавме, благодарение на која укажувавме многу често што е тоа што ни е навистина потребно и секогаш кога имаше можности излегуваа во пресрет. Сега разговараме за следните чекори за соработка, веројатно некоја форма којашто Германија ја иницира на ниво на Европската Унија, а тоа е соработка во време на пандемија во којашто ќе бидат вклучени буквално сите аспекти на оваа криза – заштита, лекови, стратегија во однос на пристапот и се разбира вакцини, – изјави министерот Филипче на денешната прес-конференција, во која заеднички ја соопштија донацијата со амбасадорката Холштајн пред модуларната болница на КИБФС.