Досега 1.155 здравствени работници ја примиле вакцината против Ковид-19, соопштуваат од Министерството за здравство.
Вакцините се безбедни и развиени на сигурни платформи.
Преку веб-страницата „Vakcinacija.mk” реализирани се 63.075 пријави од граѓаните со искажување на интерес за вакцинација. До крајот на неделава ги очекуваме и останатите количини на вакцини од Србија, како и 200-те илјади кинески вакцини, соопштуваат од министерството.