Манипулација, пропагадна, лажна информација, извртена вест, дезинформација. Сите овие термини сме ги слушнале многупати кога станува збор за нешто чија цел е да се изманипулира јавноста.
Колку што има различни токувања за дезинформацијата, толку има и објаснувања за тоа кој ја шири. Политичари, интересни и бизнис групи, нашето најблиско опкружување, сите се на долгата листа на оние кои во одредено време и за одредена цел ја преминале границата на вистината.
А зад создавањето на вакви слатки „бонбони“, обично стојат опасни намери: добивање некаква корист, нанесување штета или нечија дискредитација.
Во серијата видео приказни, почнуваме со потрага по вистинските одговори на прашањата: Кој, каде и зошто шири дезинформации, за што ќе ни помогне нашиот детектив со симболично име Панде Случаев.
Во продолжение, погледнете ја првата епизода од досието посветено на дезинформации.