Драмски воведе празнични блок-билети за јануари

Сподели

Драмскиот театар од Скопје за својата публика подготви празнични блок-билети за претставите што се на репертоарот во јануари.

За износ од 1 400 денари, со 50 % попуст на редовната цена на билетите, може да се купат блок-влезници за 7 претстави, и тоа: „Диши“ на 21 јануари, „Фамилијата Адамс“ во среда на 22 јануари, „Падот на Масада“ во четврток на 23 јануари, „Чудесна терапија“ во петок на 24 јануари, „Пикник на фронтот“ на 25 јануари, „Драми на принцезите“ на 28 јануари и во среда, на 29 јануари, е претставата „Парови“.

Вториот избор на блок-билети со вкупна цена од 1 200 денари ги содржи влезниците за 4-те претстави: „Фамилијата Адамс“ на 22 јануари, „Чудесна терапија“ во петок на 24 јануари, „Пикник на фронтот“ во сабота на 25 јануари и „Драми на принцезите“ во вторник на 28 јануари.

Во Драмски се надеваат на голем одзив на публиката поради можноста во „најдолгиот месец во годината“ за симболична цена во десетина дена да се одгледаат дел од претставите на редовниот репертоар на Театарот.

Резервациите за блок-билетите може да се прават најдоцна до 8 јануари 2025 година, на е-адреса: info@dramskiteatar.com.mk