Во официјална посета на Државниот архив денеска беа потпретседателот на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА, д-р Махмут Чевик и програмскиот директор на ТИКА во Скопје, Халим Омер Согут кои остварија средба со директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.
Обострано беше констатирано дека се отвораат нови перспективи за соработка во сферата на архивската дејност.
“Културно-историското наследство е цврст мост што и во иднина ќе ги поврзува двете земји и нивните народи” – изјави директорот, д-р Емил Крстески на свеченото отворање на Центарот за дигитализација, опремен со поддршка на ТИКА, во рамките на новоформираното Одделение за османлискиот период.