Државните службеници во Бразил го зазедоа Собранието во Рио де Жанеиро

Сподели

thumbs_b_c_12c0b77394897b9649f88838ee106e03

АНКАРА (АА) – Илјадници протестанти, работници и јавни службеници, во знак на протест против политиката на владата за стегање на ременот, ја заземале зградата на Собранието во државата Рио де Женеиро, во Бразил, јавува Anadolu Agency (AA).

Според веста од Бразил, добиена од локални извори, најбројни меѓу протестантите биле полицајците, чуварите и пожарникарите, кои ја окупирале зградата на Собранието во знак на протест против владата, која поради кризата преземала одредени економски мерки.

Протестантите неколку часа ја окупираа зградата на Собранието и направија материјална штета на објектот. Протестот се одржува поради тоа што повеќе месеци не биле исплатени платите, кои исто така биле намалени.

Претседателот на Собранието, Хорхе Пичијани, го осуди протестот и рече: „Овој протест е навреда на демократското раководство, каква што досега не е забележана во бразилската политичка историја“.

Бразилската Федерална влада соопшти дека со одлуката што ја донесе во понеделникот, блокирани се банкарските сметки на државата Рио де Женеиро.

Во изјавата на канцеларијата за финансиски работи на Рио се вели: „Блокирана е каква било исплата од страна на државата Рио, сѐ додека не се исплати долгот кон федерацијата“.

Поради падот на цената на нафтата и стоките, бразилската држава Рио де Женеиро подолг период се обидува да се справи со кризата и со месеци не е во можност да ја исплати платата на голем број работници.

Гувернерот на Рио де Женеиро, кој беше домаќин на Олимписките игри 2016, беше побарал финансиска помош пред одржувањето на игрите, поради буџетскиот дефицит што се појавил поради настанатата криза.

Во знак на протест за неисплатенните плати и поради работните услови, минатиот месец штрајкуваа вработените во банките.