Демократскиот сојуз најостро го осудува крвничкото претепување на сопственикот на порталот “БУРЕВЕНИК”, Зоран Божиновски. Сметаме дека ваквиот мафијашки начин на пресметка, сериозно го нарушува правниот поредок и сигурноста на новинарите и граѓаните, се наведува во денешното соопштение на ДС.
Демократскиот сојуз инсистира на брза реакција од МВР и откривање на нарачатeлите и извршителите на овој насилничко – криминален акт. На Божиновски му посакуваме побрзо закрепнување.