ДУИ го избра Талат Џафери за технички премиер

Сподели

 

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на состанок во партиското седиште одлучило актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери да биде технички претседател на Владата, на РС Македонија од 28 јануари во пресрет на изборите напролет.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, на својот фејсбук-профил ги објави и другите одлуки од состанокот на партиското Претседателство во Мала Речица во врска со учеството на ДУИ на претседателските и парламентарните избори во 2024 година.
 
“Фатмир Бесими е избран за шеф на Централниот изборен штаб за изборите 2024. Се овластува претседателот на партијата да продолжи со разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори”, објави Османи на Фејсбук. 
 

Џафери се заблагодари на номинацијата од ДУИ да биде премиер на техничката влада. Тој вели дека ќе ја извршува функцијата со почит и одговорност.

„Ми претставува особена чест за доделената доверба од партиските органи и секако можам да кажам дека и оваа функција со должно почитување и соодветна одговорност ќе биде спроведена од моја страна како одговор од поддршката искажана од партиските органи, а пред сè од граѓаните на Република Северна Македонија“, изјави во петокот вечерта Талата Џафери.