ДУИ во целост го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина

Сподели

 

Демократската Унија за Интеграција со внимание ги следи состојбите во и околу Украина и ги осудува последните одлуки на официјална Москва за одвојување на териториите околу Донбас и Луганск од Украина и нивно ставање под руска власт.

Со тоа сметаме дека се нарушува Договорот од Минск, се минираат разговорите во Нормандскиот формат, и се загрозуваат напорите за дипломатско решение на кризата.

Ние во целост го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, во нејзините меѓународно признати граници.

Единствени што ќе ги сметаме за успех е суштинска де-ескалација на состојбите, што можат да се постигнат само со повлекување на натрупаните воени сили на Руската федерација околу Украина.

Сакаме да потенцираме дека овие политички ставови преставуваат дел и од генералниот курс на земјата и нејзините стратешки интереси како членка на Северно-атлантската алијанса.

Оттука би сакале да ги осудиме сите повици од политичките групации во земјава, нивните коалициоми партнери и стратешки соработници, како и поединци кои ги преставуваат, со кои се одобрува агресивното и непријателско однесување на Русија и се охрабруваат нејзините постапки.

Тоа не само што не е соодветно за нашата евроатланска ориентација, туку сметаме преставува и дел од хибридните активности на надворешни фактори за да ја минираат нашата определба, создавајќи раздор во политичкото ткиво, се наведува во соопштението на ДУИ.