По повод Меѓународниот ден на старите лица градоначалникот на Центар Горан Герасимовски оствари средба со дел од претставниците на Здружението на пензионери. На средбата со нив Герасимовски го најави отворањето на два нови пензионерски клубови еден во зградата на ЈП ПОЦ во Крњево и другиот близу Универзалната сала.
„Возрасните лица се високо поставени на листата на приоритети во Општина Центар затоа што негата и грижата е наша должност која треба да им ја возвратиме кон оние кои цел живот се грижеле за нас. Во Општина Центар има отворено 6 пензионерски клубови, а со новите два секоја населба во Центар добива пензионерски клуб. Во пензионерски клубови во Крњево и кај Универзална сала кои ќе ги отвориме наскоро нашите баби и дедовци ќе добијат повеќе активности за социјализација и дружење со што преку различните активности ќе го збогатат своето секојдневие“, изјави Герасимовски.
Општина Центар се грижи за своите највозрасни сограѓани. Преку проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ сите возрасни лица со полни 62 години обезбедува домашна нега од физиотерапевти, негуватели и психолози. Во овој проект е наменет за 90 корисници кои добиваат нега два пати неделно по три часа во текот на цела година. Исто така во соработка со Банка за храна на пензионерите со ниски примања Општина Центар им доделува пакети со храна и хигиенски производи.
Општината Центар силно и посветено работи на највозрасните граѓани во општината да им обезбеди безгрижни и мирни пензионерски денови.