Дваесет и осум години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров

Сподели

 

На 3 октомври 1995 година, во 9 часот и 50 минути бил извршен атентат врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата.

Нападот бил извршен со автомобил-бомба на 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот “Бристол” во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија. Бомбата, поставена во автомобил АМИ*, била активирана со далечински управувач кога автомобилот на претседателот минувал покрај неа. Од силината на експлозијата, ситроенот бил целосно распарчен, а делови од возилото се разлетале наоколу. Експлозивната направа била производство на ЈНА, а содржела еден килограм пластичен експлозив, со стотици челични топчиња кои имаат смртоносно дејство во полупречник од околу 50 метри.Автомобилот бил намерно избран за поставување на бомба, затоа што има тенок лим кој може од експлозијата да се распадне во повеќе смртоносни шрапнели.

Иако по атентатот била отворена обемна истрага од страна на МВР, под името „Автомобил“, а се вклучиле и безбедносните служби на САД, Германија и Британија, ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот врз Глигоров сѐ уште не се познати. Во 1995 година, по неколку месеци од атентатот, како еден од можните атентатори, разузнавачката служба ги посочила „Ослободителната војска на Македонија“ со седиште во Австралија. Потоа, тогашниот министер за внатрешни работи како нарачатели ги посочил бугарската „Мултигруп“, југословенската „КОС“ итн. „Братиславска врска“, но не се пронајдени тврди докази околу нивната вмешеност во атентатот. Подоцна, водството на бугарската организација Мултигруп лично дошло во посета кај Глигоров за да ги отфрли тие шпекулации. Во април 2008 година дошла информација преку дневните медиуми дека организатор на атентатот била албанската организација „КОС“, но оваа информација не е потврдена. За обидот за атентат врз него, Глигоров напишал и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовирал во 2002 година. (Википедија)

Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година, на 94 години.