Вкупно 1 309 840 лица, 405 266 домаќинства и 556 415 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193 982 лица.
На домаќинствата кои не биле попишани во изминативе денови попишувачите им оставаат потсетник во нивните станови и куќи, како и на влезот во станбените објекти, контакт информации за да се договорат со попишувачите кога би можеле да ја завршат ваквата должност.