ЕУ одобри одложување на Брегзитот до 22. мај

Сподели

Лидерите на 27 земји-членки на ЕУ синоќа во Брисел постигнаа договор излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, односно брекситот, да биде поместен од 29 март на 22 мај. Тоа ќе се случи само ако британскиот парламент исто така го прифати овој договор кој треба да го брани премиерката Тереза Меј, .

Британските пратеници веќе двапати ја отфрлија спогодбата што беше договорена со Европската Унија, а ако го направат тоа повторно, Брисел ќе ѝ даде на Меј рок до 12. април да соопшти по кој пат ќе тргне Британија.