ЕУ: Приходите од дрога во Албанија на ниво од 2,6 отсто од БДП

Сподели

marihuana

Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот во Албанија се проценува дека приходите од илегалната трговија и производството на дрога во земјата, достигнуваат ниво од 2,6 отсто од албанскиот бруто домашен производ (БДП), јави дописник на МИА.

Според извештајот, како што наведува тиранската телевизија Топ чанел, парите заработени од шверцот со наркотици претставуваат значаен дел во албанската економија и во споредба со развиените земји тоа ниво е поголемо дури и до 300 пати.

Во економиите на западните земји, како Франција, Италија, Германија или Велика Британија, приходите од шверцот на дрога достигнуваат ниво од 0,07 до 0,19 отсто од националните БДП.

Со вредност од 2,6 насто од БДП, проходите од шверцот на дрога во Албанија се на исто ниво колку и заработката на целиот сектор на образованието или рестораните.