Евакуирана е зградата на турскиот парламент откако се прошири вест дека се подготвува напад на објектот, јавуваат локалните медиуми.
Парламентот е затворен, а главните порти за заклучени.
– Закани за напад на парламентот… Изворот е непознат, но вработените и парламентарците ја напуштија зградата – напиша на „Твитер“ Зија Пир од прокурдската Народна демократска партија. meta.mk
