Во пресрет на Европската недела за имунизација, покрај актуелната имунизација која е во тек против Ковид 19 вирусот, последните неколку години го осовременивме календарот за имунизација, соопштија од Министерството за здравство.
Воведовме две нови вакцини – вакцина против рота вирус и пневмококна вакцина. Вакцините кои се набавуваат во нашата држава се од производители од земји членки на Европската Унија, одобрени од Светската Здравствена Организација и истите се употребуваат и во нивните држави.
Високот опфат на имунизација кај населението создава колективен имунитет, спречува појава на заразни заболувања и го заштитува детето и возрасните, најблиските членови во семејството и пошироката заедница.
При овој процес потребно е сите да бидеме активно вклучени со цел заштита на колективното здравје, посочуваат од Министерството.