ПРИМЕН Е СИГНАЛ ЗА СПАСУВАЊЕ (…—… SOS ). Бродот наречен ,,ФОНД за ПИОМ” како ТИТАНИК
После 10 годишно пловење, ремонтираниот” брод со име ,,ФОНД за ПИОМ“ е надвор од предвидените пловни патеки и процедури како и од предвидените мегународни стандарни за ова патешествие. Тој е управуван од лоша посада и многу е извесно дека поради преоптовареноста истиот е пред потопување. Бидејки капетанот на бродот сеуште не упатил сигнал за спас (…—… SOS ), тоа наместо него го направи мегународниот брод наречен ,,ММФ“. Тој во неколку наврати упати повик (…—… SOS ) дека нивниот радар лоцирал брод кој плови во опасната зона. Според сите нивни и наши информации бродот е прептоварен, патниците немаат појаси за спасување, а многу од нив не знаат ниту да пливаат. На повидок е потопување и тоа побрзо и пострашно од оноа на Титаник.
Патниците на бродот како оние кои немаат појаси за спасување така и оние кои незнаат да пливаат сеуште молчат и со ширум отворени очи и уши ги слушаат ветувањата на нивниот прв човек. Оние кои ќе се спаселе од потопување (ако даде господ) ке оделе на други уште поегзотични патувања. А дотогаш се разбира морале да го поддржуваат и да гласаат за капетанот…..
За оние кои верно и слепо ќе ги следат наредбите и упатствата следи ,,гратис” превоз и бањање во некоја од термалните бањи, а со паѓање на првот снег следува и гратис дупло санкање