Фестивал на отворено „Summerland 2019“

Сподели

Почнувајќи од 4 до 28 јули, во Градски парк во Скопје ќе се одржува фестивал на отворено „Summerland“.

На фестивалот за најмладите ќе има детско катче со едукативни и забавни настани, а предвидени се и изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, панел дискусии, кино на отворено и уште многу содржини кои ќе го направат летото во Скопје незаборавно.

Забавната програма ќе се одвива секојдневно од 18:00-00:30.

Летната забава на Школка ќе започне со групата „Нокаут“, а викендот е резервиран за трибјут настапи: ЕКВ, Бјиело Дугме Трибјут и Ѓорѓе Балашевиќ Трибјут, додека за викендот ќе има странски артисти кои прават светски шоуа со трибјути на Арктик Манкис и Џо Кокер и Ајрон Мејден и Металика.

Фестивалот е под покровителство на Град Скопје.