Филипче: Благодарност на Армијата за поддршката со справувањето на ковид кризата

Сподели

 

Министерот за здравство, Венко Филипче упати благодарност до Армијата која се вклучи во борбата со справувањето со ковид кризата и поддршката со воено медицинскиот персонал кои ќе бидат распоредени во тријаќниот центар на Интерно.

“Се заблагодарувам на Армијата за огромната поддршка која ни ја даваат во справувањето со ковид кризата. Од денеска, воено медицински персонал, тим составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе се врши прием на пациенти во ковид одделенијата. На нашите лекари потребна им е поддршка, бидејќи од почетокот на кризата тие неуморно, деноноќно се посветени на ковид пациенти. Во услови кога целиот медицински персонал е целосно посветен на справување со ковид кризата, секоја помош е повеќе од добредојдена” – изјави министерот Филипче.