На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче изјави дека се воведуваат нови рестриктивни мерки низ целиот свет.
Есенскиот бран го зафаќа и регионот со голем број на новозаразени лица.
Во државава највисок број на новозаболени има во Скопје од сите возрасни групи.
Вчера е забележан најголем број од 317, а денеска од 364 новозаразени.
Есенскиот бран е тука и дека мора да се заштитиме, да не дојде до ескалација.
Донесовме одлука за нови мерки:
- се забранува групирање на јавен простор на повеќе од 4 луѓе после 22 часот. Забрана за собирање во паркови, бензински пумпи итн.забрана на семејни поголеми прослави во домашни услови, максимум до 4 лица
- задолжително носење на маски секаде на отворено и на затворено место, во возило со лица од едно семејство, освен при спортување
- исклучок имаат деца само за деца до 6 годишна возраст
За сега нема воведување на полициски час.
Состојбата со вирусот е сериозна. Европа и светот воведуваат нови и сериозни мерки. Однесувањето и почитувањето на граѓаните е во интерес на јавното здравје.
Време е сите максимално сите да ги следат основните правила за заштитни мерки. Прашање е на волјата за здравјето на граѓаните.
https://www.facebook.com/VladaMK/videos/3514514615280774/