Министерството за здравство обезбеди средства за набавка на сензори за мерење на дијабет кај деца, најави министерот за здравство д-р Венко Филипче во синоќешното гостување во емисијата „И што сега“ на МРТВ.
-Благодарение на иновативната инсулинска терапија, тоа се инсулини коишто сега наместо боцкање кај еден дел од пациентите може да се земе таблета, понатаму инсулин којшто наместо неколку пати во денот се боцка само еднаш и тоа во било кој дел од денот и не мора да се води сметка кога се јаде, дали пред јадење па колку се јаде, дали после јадење итн. Значи најсовремени молекули коишто ја контролираат гликемијата, понатаму молекули инсулини коишто го штитат срцето и крвните садови заради несаканиот ефект на шеќерот, заради шеќерната болест и тоа е сето еден процес на модернизација којшто го започнавме уште пред две години, сега го продолжуваме освен тие три лека, сега ќе има два дополнителни. Значи 5 нови молекули на инсулин сега за следните две години којшто значајно го зголемува квалитетот на живот на пациентите коишто имаат дијабет – рече Филипче.