Постепеното укинување на рестриктивните мерки, истакна Филипче е можно во почетокот или кон средината на мај во емисијата, „Ковид -19 – Прашања и одговори: Сѐ за коронавирусот“.
„И сега преземаме одредени мерки да се спремат капацитетите. Сите оператори треба да се подготват за тоа како треба да се функционира во новите услови.
Допрва се утврдува моментот кога ќе го вратиме животот во нормала. Тоа ќе биде најверојатно некаде во почетокот или кон средината на мај“ образложи Филипче и додаде дека за мерките за ограничување на движењето за Велигден ќе се разговара следната седмица” – изјави министерот Филипче.