“Успешноста во лекување на детските малигноми на Клиниката за детски болести е над 80%, благодарение на овој тим – моите колеги на Одделот за хематологија и онкологија на оваа клиника”, – изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
“Денеска, на Меѓународниот ден посветен на децата кои се борат со канцер, ги посетив колегите и им искажав искрена благодарност за пожртвуваноста, професионалноста и неуморната работа во третманот на децата со малигнитети. Се гордеам со нивната досегашна работа, продолжуваме да работиме посветено за нашите мали херои.
Денеска добивме уште една убава вест. Во насока на оддржување на повеќегодишниот континуитет на соработката на Макстил со Клиниката за детска болести е и поддршката во делот на реновирањето на Одделот за детска онкологија, кој би прераснал во регионален центар за лекување на деца погодени од канцер”, изјави министерот Филипче.