Филипче: Почнува лекувањето со крвна плазма

Сподели

 

Денеска за првпат беше екстрахирана плазма на двајца пациенти коишто се ковалесцентни, значи се во фаза во која се носители на антителата против вирусот. Во следните денови, исто како терапијата со озон, во ГОБ „8ми Септември“ ќе биде аплицирана на пациенти кадешто експертите ќе ја индицираат;
 Се намалуваат индикациите за тестирања како преку пунктовите, така и во приватните лаборатории. Eпидемијата се стишува, како што очекувавме во овој период;
– На Клиниката за детски болести, каде имаше тројца вработени позитивни на КОВИД-19 вирусот, сите без симптоми. Изминаа 14 денови, првиот контролен брис кај лаборантот е негативен, другите тестирања ќе бидат готови во следните денови. 23 лица, нивни контакти после изолацијата од 14 дена се асимптоматски;
– Веќе се изготвени сите протоколи за функционирање на многу општествени сегменти, економски оператори, фабрики, јавен превоз итн. Во текот на следната недела тие ќе бидат официјализирани после финалните консултации, да се слушнат евентуални сугестии после што ќе ги презентираме јавно, исто како и временскиот период во којшто ги очекуваме овие – ќе ги наречам попуштања на рестрикциите;
– Сето тоа ќе биде постепено, планирано со цел да не се создадат гужви, ниту да се создадат услови за масовни собири;
– Денеска ќе биде назначен нов директор Центарот за Јавно Здравје во Велес;
– Од вчера функционира уште еден канал за брзо информирање на граѓаните со официјални информации поврзани со справувањето со коронавирусот. Станува збор за апликацијата на Viber преку која граѓаните на својот мобилен телефон добиваат информации од страна на Минстерство за здравство и Владата, – изјави министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција.