Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека Владата ќе побара повторно продолжување на вонредната состојба.
Тој појасни дека ова е важно од аспект на тоа што е неопходно Владата да има механизми за имплементирање на препораките кои произлегуваат од Комисијата за заразни болести.
– Дел од мерките кои ги предложуваме важат за вонредната состојба и важно е да важат и понатаму, во однос на рестрикциите и уредбите – рече тој.
Вонредната состојба трае веќе два месеци, и тоа во отсуство на работата на Собранието. Претседателот Стево Пендаровски ќе треба по трет пат да се произнесе во однос на барањето на Владата.