Во тајфунот Мангхут кој го зафати северниот дел на Филипините, досега животот го загубија 81 лицe, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми, бројот на загинатите во тајфунот се искачи на 81 лице. Филипинската полиција соопшти дека повредени се 71 лице, а како исчезнати се водат 70 лица. Постои загриженост од зголемување на бројот на жртви.
Од тајфунот се погодени околу 250.000 лица, а поголемиот дел од жртвите загинале при лизгање на земјиштето.
Тој во првиот ден достигна брзина до 255 милометри на час, а пред три дена оваа брзина се намали на 100 километри на час. Потоа премина во јужниот дел на Кина и во Хонг Конг.
Според извештајот на британската Хуманитарна организација „Save The Children“, голем број училишта на островот Лузон се оштетени од тајфунот, при што над 1 милион деца не можат да одат во училиште.