Уругвајскиот фудбалски напаѓач Габриел Лејес (33) е во потрага по нов тим преку социјалните мрежи.
Лејес моментално е слободен играч откако неговиот трансфер во перускиот Депортиво Бинационал пропадна поради квоти за возраста и националноста.
„Иако се договоривме за се, прашањето за квотите не ми дозволи регистрација“, објави Лејес, кој минатата сезона настапуваше за перуанскиот клуб Академија Кантолао.
,,Повторно сум слободен и чекам нов правец“, напиша тој на социјалните мрежи.
Трансфер периодот во перуанскиот фудбал сега е затворен, па напаѓачот кој моментално е во Уругвај чека алтернативи за продолжување на кариерата.
Во текот на кариерата во два наврати настапуваше за Ривер Плата, го носеше и дресот на Пењарол и Хувентуд, како и голем број помали клубови.
The post (ФОТО) Играше за великани, а сега си бара нов клуб преку Фејсбук! first appeared on .
Powered by WPeMatico