И покрај нередите до кои дојде за време на протестите, поддршката на демонстрациите, во однос на претходната недела не се намали
ПАРИЗ (АА) – Според резултатите од спроведените анкети во Франција, 60 отсто од населението ги поддржува штрајковите и демонстациите поради предлог-реформите на Законот за работни односи, јавува Anadolu Agency (AA).
Компанијата за истражување ИФОП спроведе анкета за кризата која веќе два месеци трае помеѓу синдикатите и владата.
Според резултатите од анкетата, 60 отсто од Французите ги поддржуваат масовните демонстрации кои најмалку двапати месечно се случуваат во Франција.
Дури 90 отсто од симпатизерите на Комунистичката партија и радикалните левичари, како и 49 отсто од симпатизерите на Социјалистичката партија ги поддржуваат демонстрациите. И покрај нередите до кои дојде за време на минатите протести, поддршката на демонстрациите во однос на минатата недела не е намалена.
Демонстрации во поголемиот дел од Франција се најавени за 23-ти јуни.
Во судирите за време на демонстрациите одржани на 14-ти јуни во Париз, повредени се 40 лица, од кои 27 припадници на безбедносните сили. Демонстрациите предизвикаа материјална штета на болници, неколку банки и продавници.
AA.COM.TR