Соопштение на ФРОДЕМ:
ФРОДЕМ им честита на граѓаните што во голем број излегоа на изборите. Изборниот модел за жал, ги фаворизира само големите партии и не ги одразува различните опции во земјата во десницата, левицата и политичкиот центар. Режимот со сите неправилности и сторен изборен криминал доживеа тежок пораз.
На овие избори, поради малата разлика за тоа кој ќе ја води земјата секој глас е значаен. Затоа не смее ни да се помисли дека било кој глас не е од одлучувачко значење. Не смее да се случи ничиј глас да биде етикетиран како занемарлив. Изборниот резултат ќе биде законит само доколку секој глас е валиден и еднакво третиран. ДИК и другите органи најодговорно и законито треба да постапат по сите приговори. Режимот веднаш треба да престане да се заканува и да врши притисок врз ДИК. Секој глас законито и јавно треба да биде преброен. Доколку тоа не се случи, тогаш изборите во целина не треба да се признаат и веднаш истите треба да се повторат!
МВР поднесе 7 кривични пријави, а 18 се приведени поради основано сомнение за вршење повеќе дела на изборен криминал. Треба докрај сериозно да се истражи дали овие осомничени лица се дел од злосторничко здружение кое оперирало на цела територија и со тоа влијаеле на севкупниот резултат. Додека тоа не се утврди не може да има законит изборен резултат. За ФРОДЕМ несовпаѓањето на копиите и оргиналите од записниците од избирачките одбори што го објави опозицијата е сериозен индикатор за изборен криминал но исто така и работата на информатичката служба на ДИК е спорна и е под сериозно сомнение.
ДИК не смее како и досега преку партиско надгласување да премине преку овие утврдени сериозни и загрижувачки неправилности. Членовите на ДИК мора да знааат дека суверенитетот произлегува и им припаѓа на граѓаните. Тие го даваат и земаат на избори. Тие што го повредуваат избирачкото право и оние кои истото го легализираат се антидржавен елемент и треба да сносат одговорност.