ГДОМ со контра-пароли против Најчевска и Пировска пред полициската станица

Сподели

gdom-pred-beko

Припадници на граѓанското здружение ГДОМ, се појавија на протестот пред полициската станица „Беко“ со транспаренти против Мирјана Најчевска и Уранија Пировска, кои од утринава се таму на информативен разговор.

Полицискиот кордон ги спречи граѓаните од ГДОМ да се приближат до демонстрантите од „Шарената револуција“, а по малата вербална расправија со полицијата тие си отидоа.

Професорката Мирјана Најчевска утринава се појави на информативен разговор, а пред полициската станица „Беко“ во Скопје, го офарба влезот.

Неколку десетици граѓани се собраа пред станицата за да им дадат поддршка на Пировска и Најчевска и протестираа против полициските притисоци и сослушувања.

 

http://meta.mk/gdom-so-kontra-paroli-protiv-najchevska-i-pirovska-pred-politsiskata-stanitsa/