Општина Центар информира дека заврши со процесот на украсување за Новогодишните и Божиќните празници.
Оваа година, новогодишното украсување со бројни светлосни украси, елки и декоративни елементи поставени на најфреквентните локации во општината започна на 21 ноември со цел создавање празнична атмосфера која ќе донесе радост и топлина на жителите на општината, но и на сите граѓани.
Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека секоја светилка нѐ потсетува на празничната атмосфера со најблиските, на љубовта, на мирот и на радоста.
“Центар блеска во новогодишна магија. Секоја светилка нѐ потсетува на празничната атмосфера со најблиските, на љубовта, на мирот и на радоста. Минатиот месец, први во државата почнавме со украсување за да ги стоплиме срцата на дечињата и на возрасните, Центар е дом во кој сите се добредојдени”, истакнува Герасимовски.
Во текот на следната недела, граѓаните ќе бидат информирани за сите културни и музички настани што ќе се реализираат пред празнично, на крајот од 2024 година.