Германија, Грција и Австрија со нови ковид-протоколи за нашите државјани

Сподели

 

Германија ја тргна Македонија од листата на земји кои се сметаат за ковид-ризични области. Тоа значи дека сите државјани на Македонија кои сакаат да патуваат во Германија ќе им се дозволи неограничен влез, пренесува РСЕ. Но, останува правилото сите што се над 12 години при влез во земјата, без разлика на тоа со каков транспорт пристигнуваат, да приложат потврда за негативен тест, потврда за прележан ковид-19 или потврда за целосна вакцинација.

За влез во Грција македонските државјани ќе мора да поседуваат потврда за негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или негативен резултат од брз тест не постар од 24 часа, покрај сертификатите за извршена вакцинација или прележана болест. Правилата влажат за сите над пет годишна возраст.

За влез во Австрија, сите лица треба да приложат сертификат за целосна вакцинација, или доказ за примена бустер доза на вакцина или доказ за прележана болест (не постари од шест месеци), заедно со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа). Во овие случаи не се определува мерка карантин.

РСЕ