Германската полиција во местото Лаутеркен пронашла 155 килограми експлозив, поради што уапсила две лица. Против двете лица на возраст од 18 и 24 години ќе бидат покренати обвиненија поради кршење на законот за поседување на експлозив и подготвување на терористички напад.
Државното обвинителство ги проверува информациите според кои осомничените имаат врска со терористичката група „Олд скул сосајети“.
Се смета дека таа терористичка организација е разбиена откако во мај 2015 година повеќето од членовите биле уапсени.
За време на сослушувањето, двајцата уапсени негирале дека планирале терористички напад и дека пронајдениот експлозив бил наменет за приватна употреба.
За време на претресот на семејниот стан на 18-годишникот, полицијата пронашла експлозивна направа која тој самиот ја направил, повеќе од 150 килограми илегални пиротехнички средства и експлозиви како и нео-нацистички симболи.