ПРАВДАТА Е ЗАДОВОЛЕНА!

“По увидот од доставените списи од страна на Државниот Трудов инспекторат, тој ја задолжил Агенцијата за вработување да направи исправка во М1/М2 образецот и да се промени основот на отказ. Односно со истек на определено време е известен и Фондот за Здраствено Осигурување за неправилностите во одјавата од страна на работодавачот, за што Филимена треба да го продолжи своето породилно отсуство и да не врати ниту денар во Фондот за здраство како што беше наложено во решението на ФЗО.

Воедно случајот со Филимена е еден од многуте каде се укажува на потребата од заштитата на бремените жени и жените на породилно отсуство од страна на Државата.
Затоа е потребно ново законско решение кое ќе ги заштити бремените жени што се на договор на определено работно време”, изјавија од Здружението Гласен текстилец.
