Новак Ѓоковиќ доби шокантна дисквалификација од УС Опен, откако со топче ја погоди линиската судијка по завршување на поен.
Ѓоковиќ, реагираше на неговата дисквалификација од УС Опен, откако со топче ненамерно удри една од линиските судии во грлото/вратот
„Целата оваа ситуација ме прави навистина тажен и празен. Проверив како се чувствува линиската судијка и според информациите што ги добив, таа се чувствува добро, фала му на Бога. Не можам да го откријам нејзиното име за да ја зачувам нејзината приватност. Жал ми е што ѝ нанесов таков стрес. Не беше намерно. Беше погрешно. Ова непријатно искуство, дисквалификација од турнирот, сакам да го претворам во важна животна лекција, за да можам да продолжам да се развивам и како личност и како тенисер.
Им се извинувам на организаторите на УС Опен. Јас сум многу благодарен на мојот тим и семејството што ми дадоа силна поддршка, како и на моите навивачи затоа што тие секогаш се покрај мене. Ви благодарам и жал ми е. Ова беше тежок ден за сите“, напишал Ѓоковиќ на Фејсбук.
Novak Djokovic (-125), the #1 seed in the tournament just got defaulted from the US Open after hitting the line judge in the neck pic.twitter.com/dvJQgLPFfA
— Barstool Gambling (@stoolgambling) September 6, 2020