По седум месеци фестивалска турнеја „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ филмот досега освои 21 награди.
Три награди филмот освои на Филмскиот фестивал во Мароко и тоа главната награда, доделена од УНЕСКО, која ја дели со грчкиот филм „Нејзината работа“ на Никос Лабот, специјалната награда од жирито за режија за Теона Стругар Митевска, како и наградата за најдобар актер за Зорица Нушева.
Филмот освои две награди и на Интернационалниот фестивал на филмска Режија во Србија. Главната награда за најдобра режија, како и награда за најдобра актерка, додека на Филмскиот фестивал во Порторож, Словенија, „Петрунија“ ја освои наградата „Златна Весна“ за најдобар филм за малцински копродукции, како и наградата од Здружението на уметнички кина на Словенија.
Филмот оваа есен ќе биде дел од редовниот кино репертоар во големите пазари на Италија, Германија, Шпанија, Полска и Грција.