Преминот “Евзони” затворен за сообраќај поради штрајк на грчките цариници

Сподели

 

Граничниот премин Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од денеска од 05:00 часот, па до утре 05:00, поради штрајк на грчките царински служби, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Раководителот на смена на ПС за ГП и ГН Богородица е информиран од раководител на смена на ГП Евзони дека поради 24 часовен штрајк на грчките царински служби, ГП Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 05.00 часот на 24.11.2020  до 05.00 часот на 25.11.2020 година, се нагласува во соопштението од МВР.

denesmagazin.mk