Град Скопје: Да бидат детално разгледани сите факти во врска со обвинувањата на репортерот Арсов

Сподели

 

“Правото и слободата на говорот и јавното информирање е прво и основно правило на демократијата, се разбира само тогаш кога ова право не се злоупотребува како инструмент на политички и лични интереси и во свесно ширење на лаги и дезинформации”, се вели во реакцијата на Град Скопје како одговор на повикот од Здружението на новинарите.
 
“Го осудуваме секое насилство кон новинарите, но и насилството од новинарите.
 
Апелираме Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ како и Македонската асоцијација на новинари-МАН сериозно и детално да ги разгледаат сите факти во врска со обвинувањата на репортерот Мартин Арсов, како и да го преиспитаат неговото членство во еснафските организации чии етички кодекси во целост беа прекршени од негова страна во текот на вчерашниот ден.”