Град Скопје: Остварени се 87,2% од планираните вкупни приходи за 2019

Сподели

 

Градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција даде осврт за тоа како Град Скопје ги користеше и располагаше со буџетските средства изминатата година во периодот од 01.01 до 31.12.2019 година.

 

 

– Управувањето со буџетските средства во 2019 година се темелеше на принципите на ефикасност, ефективност и транспарентност во работењето, а во насока на буџетска заштеда и оптимално користење на ресурсите. За 2019 година во вкупниот Буџет на Град Скопје остварени се 87,2% од планираните вкупни приходи и други приливи, во износ од 5,7 милијарди денари. Вкупните расходи и други одливи во буџетот на Град Скопје за 2019 година, се извршени со 82% од планираното или во вкупен износ од 5,3 милијарди денари. По однос на остварувањето на расходите гледано по категории на расходи, тековно – оперативните расходи се остварени со 86,4 %, а капиталните со рекордни 72% од планираното – рече Шилегов.

 

 

Тој додаде дека остварувањето на приходите и расходите во 2019 година истовремено, споредено со последните 5 години бележи зголемување од 20 до 40 проценти, односно Град Скопје во изминатата 2019 година бележи најдобри резултати од досегашното свое работење.