Град Скопје: Продолжуваат концертите на отворенo во време на корона

Сподели

 

 

Денеска во 20 часот, кај  Музеј на современа  уметност ќе се одржи  нов концерт од програмата „Култура во време на Корона’. Музичката група EYE CUE ќе одржи едночасовен концерт.

За наредните денови се планирани и изложби, видеоарт презентации, настапи на диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби по следниов распоред:

– Христина Зафировска – 25 април, сабота од 12.00 ( видео – визуелни уметности )

– Артан Кастрати – 25 април,сабота – парк Топанско Поле од 17.00

– Funk Shui – 25 април , сабота – кај  Млечен од 18.00

– Musaiq – 25 април, сабота – кај  Млечен од 20.00

– Гоце Илиевски , 26 април, недела од 11.30 ( видео – визуелни уметности )

– Арда Мустафаоглу 26 април, Парк Шопен ,Кисела Вода од 12.00

– Емилија  Потевска Попивода, 26 април, Парк Шопен ,Кисела Вода од 12.30

– Дуња Иванова 26 април, Парк Шопен ,Кисела Вода од 13.00

– Силви Бенд, 26 април, Парк Шопен ,Кисела Вода од 14.00

– Pluto’s Doubts 26 април, Аеродром , кај Стела од 18.00

– South Park 26 април, Аеродром, кај Стела од 20,00

Сите настапи ќе биде стримувани на: фејсбук страницата на Град Скопје

https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs

– Youtube канал на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw

За потсетување, Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04. 2020 година,  објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.

Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/

Со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти:

  • Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и
  • Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до 2 часа.

Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.