Град Скопје за Блек фрајдеј со засилени инспекциските контроли околу шопинг центрите во Скопје

Сподели

 

“Поучени од негативните искуства од минатите години за време на блек фрајдеј со голем број негативни примери за неправилно одложување на отпадот и непрописно паркирање, Град Скопје утре (29.11.2019, петок) ќе ги засили инспекциските контроли околу шопинг центрите во Скопје.

Градските инспектори за патен сообраќај ќе вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини, а комуналните инспектори ќе вршат засилени контроли во однос на неправилното одложување на отпадот. Согласно со правилата за третман на отпадот, амбалажата за пакување на големите производи (особено за бела техника) се третира за кабаст отпад и не треба да да се одлага во садовите за отпад, што беше честа појава изминатите години околку трговски центри за време на овие попусти.

Град Скопје ги потсетува потрошувачите за можноста овој вид на отпад да се одложи во Центрите за селекција во Карпош и во Вардариште, без плаќање паричен надоместок. Воедно, апелираме до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта” – соопштуваат од Град Скопје.