GREEN BEACH FESTIVAL 2016

Сподели

MDgreenbeachfestivalfestivali

Плажа Парк, Охрид   30 Јули

GREEN BEACH FESTIVAL и годинава ќе ги пречека илјадниците фанови желни за незаборавна забава со врвните светски диџеи на брегот на плажата Парк во Охрид. Седмото издание на фестивалот ќе се одржува два дена и со повеќе светски етаблирани артисти кои покрај претставниците на домашната електронска музичка сцена ќе ја предводат програмата на 30 и 31 јули.

Познати се и првите изведувачи од светската музичка сцена кои го потврдија својот настап на Green Beach Festival!

На 30 јули, сабота:

James Zabiela – виртуoзот зад диџеј пултот и технички ненадминливиот англиски диџеј и продуцент.

Black Coffee – Најбараната јужноафриканска суперѕвезда и aпсолутниот феномен на современата електронска сцена.

На 31 јули, недела:

Dubfire – најпопуларната техно сензација, артистот кој секогаш ги поместува стандардите за врвно музичко доживување ширум светот;

Âme (DJ set) – најпопуларниот германски проект кој ги освои светските подиуми со својата неприкосновена музичка продукција.

Потврдени се и домашните диџеи како поддршка на Green Beach Festival за 30ти и 31ви Јули,

Lephonq

Tomi Bojadzi

Mirko Popov

Maci Stojanovic

Ilina Angelovska

Vidinovski

DJ Flooder

Goran Kan

Stojche

Билетите ќе бидат пуштени во продажба во петок (8 јули) преку продажната мрежа на MkTickets.