Дебитантска стихозбирка „Грош за Харон“ – Борислав Јарчевски

Сподели

 

„Грош за Харон“ е дебитантска стихозбирка на Борислав Јарчевски, во изданието 300 ветрила на издавачката куќа Темплум.

Борислав Јарчевски (1993) е роден и живее во Скопје. Дипломиран е на катедрата за англиски јазик и книжевност на филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Меѓу другото, се занимава со музика, превод и поезија. Поранешен член е на музичките состави “Нова генерација” и “Клетото тројство”.

“Ова е поезија што има сè. Има игра, има правила на игра, има слобода, има строгост, има “заебанција”, има стапка, има отстапка и има јазик различен од обичен, и без претерување и без ласка ќе кажам дека друга слична на оваа книга поезија кај нас  нема.” – Ѓоко Здравески